Давид Темелков подготвува албум

Македонскиот пејач Давид Темелков деновиве е во студиото „Хит рекордс“ во Загреб каде што снима нова песна.

dobivaj vesti na viber

„Песната сѐ уште нема наслов, но тоа ќе го решиме набргу, штом ќе се досними. Песната е дел од албумот што го подготвувам во моментот. Нејзин автор е Мирослав Рус, кој ќе биде автор и на сите други песни од албумот“, ни рече Давид.

Давид веќе неколку години се занимава со музика, а најголемиот успех досега го постигна со учеството во регионалното музичко шоу „Х-фактор“.

Scroll to Top