Џамбазов ѝ дише во врат на Марјана, ама Лила сè уште му е недостижна

Откако во март 2019 година Игор Џамбазов отвори инстаграм-профил за кратко време доби огромен број следбеници. Вели дека е главна инфлуенсерка и без да се разголи за лајкови и следбеници. Тоа се покажа и на последната статистика што ја извади актерот. Па така, Лила е на прво место со 213 илјади следбеници на Инстаграм. Џамбазов е на деветто место, со 95.7 илјади следачи, а пред него е Марјана Станојковска, која му бега за помалку од илјада следбеници. На социјалните мрежи се шегуваат дека Игор ѝ дише во врат на Марјана, кај и да е ќе ја стигне, ама за Лила му треба малку повеќе. Зад себе го остави Антонија Гиговска и Тамара Тодевска. Засегнати од бројките, пејачките се јавија со коментари, па едната вели: „Леле тато до каде стигневме“, а на другата ѝ пречеше што е инфлуенсерка сместена само во категорија мајки

 

Scroll to Top