(Фото) Ани Малинкова има ќерка матурантка

Фолк-пејачката Ани Малинкова ја прослави матурата на ќерката Стефи. Таа на својот фејсбук-профил сподели неколку фотографии од прославата. Стефи за матурата избра црн елегантен фустан и дискретен накит, а изгледот го дополни со впечатлив темен кармин.

„Матура на мојата Стефи“, напиша пејачката покрај фотографиите. Таа од пријателите доби бројни честитки, кои ѝ напишаа и желби за нови и уште поголеми успеси на Стефи.

Меѓу гостите на домашната забава присуствуваше и поп-пејачката Наташа Малинкова, инаку братучетка на Ани.

 

Scroll to Top