(Фото) Фудбал и торта на летниковец: Роденденска журка за синот на Панчо

Андреја, поголемиот син на  Панчо од ДНК, славеше роденденен. Роденденска торта за синот и честитка дека иако полни 10 години, за него сè уште е неговото бебе, познатиот диџеј и музичар објави роденденска фотографија.

„Андреја во саботата си го прослави со другарите, се разбира на отворено. Играа фудбал и по беа на летниковец,  јадеа, пиеја сокче и дуваа торта. А вчера, пак, дома, си гледавме фудбал Наполи-Аталанта (батко му Елмас ) па филм и во кревет“, раскажува Панчо за „Репортер“ како минала прославата на синот.

На прашањето што наследил синот:  „Па син ми тренира фудбал во Форца, а друго не гледам дека наследил од мене. Сè уште не покажува никакви музички или диџејски афинитети. Училиштето му иде супер, тоа не е на мене гарант“, вели диџеј Панчо. (А.Г.) 

 

Scroll to Top