Фолк-пејачката Сузана Гавазова често го привлекува вниманието на јавноста со провокативниот изглед. Таа неодамна на својот инстаграм-профилот објави фотка на која е облечена во секси жолт фустан под кој ѝ ѕиркаат голите гради.
Следбениците на „Инстаграм“ на Сузана ѝ оставија бројни комплименти за изгледот. Меѓу нив имаше и коментар дека „Версаче меѓу цицки одлично се вклопува со облеката што ја избрала за настап“.
Гавазова од скоро има и нов имиџ – косата ѝ е исплетена во ситни плетенки, а врвовите ѝ се бојосани во розова боја. Пријателите и фановите ја пофалија и оваа промена на Сузана.