(Фото) Јоце Панов спремен за свадба

By

Една недела пред свадбата со својата долгогодишна девојка Марина Начевска, поп-пејачот Јоце Панов сними спот за песната „Љубовта денес победи“. За „Репортер“ тој раскажа дека главната улога во видеото ја има Марина, која глуми невеста.

„Спотот е еден вид генерална проба за свадбата што ќе ја правиме на 25 август, во ‘Ла Тана’. Многу луѓе се вклучени во снимањето, а меѓу нив Зоран Шурбевски, кој ја нашминка Марина и ни даде многу идеи, и Ива Спасовка, која ги изработи двете венчаници за во спотот“, ни откри Јоце.

Тој додаде дека спотот е снимен во „Ла Тана“, во хотелот „Арка“, во студиото на Шурбевски и во ателјето на Спасповска, а ќе има и неколку кадри направени на Козјак.

„Идејата ни беше да ја раскажеме нашата љубовна приказна“, рече Јоце, кој пред еден месец ја побара Марина за жена, додека беа на летување во Турција.

Спотот го режираше Дарио Јанковиќ. Јоце истовремено сними две видеа, и за македонската и за хрватската верзија на песната, „Данас је љубав побједила“.

(А.Ј)

Ќе ви се допадне

Website https://aniwatch.pro: Watch Lupin the 3rd - Sweet Betrayals (Dub) aniwatch Episode Full dubbed anime

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Lupin III: Dead or Alive (Dub) Episode Full

Watch The Prince of Tennis: The Two Samurai, The First Game Episode Full

Blackhatworld: https://www.blackhatworld.com/members/animefreakws.1519902/#about

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/gogoanimelol