Поранешната водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, го искористи убавото време пред неколку дена да се прошета во Градскиот парк во Скопје со ќерката Сара и сопругот Александар.
„Двa основни елементи потребни за одржување на животот се сонцето и љубовта“, напиша таа.
Александра се породи пред повеќе од еден месец, а откако стана мајка ужива во секој момент со нејзината ќерка Сара. Со сопругот Александар се венчаа во 2016 година.
За потсетување, поради бременоста, таа се повлече од „Брза кујна“, а на нејзино место дојде Сања Савеска.