(Фото) Пастрмалија за Мартин Вучиќ – Татјана го пречека во Австралија

Со пастрмалија и палачинки, фолк-пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица го пречекаа Мартин Вучиќ во нивниот дом во Мелбурн. Татјана не криеше дека има супер друштво и дека си поминале одлично. На социјалните мрежи таа објави слика со Мартин.

„Право од авион кај нас на седенка. Нашите драги пријатели и колеги Мартин и Бубе. Добредојдовте во Австралија“, напиша пејачката и откри дека Мартин, е на турнеја со ансамблот „Танец“, каде е директор.

Лазаревска, која пред 4 години се пресели во Австралија, неодамна во нејзиниот дом ја пречека и фолк-пејачката Благица Павловска. Тогаш друштво им правеше Маријана, сестрата на Росана. Татјана неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа дека со Маријана се дружат често во Мелбурн, а дека понекогаш тера дружби и со Тошо Малерот.

Scroll to Top