(Фото) Сестрите Ребека и Хелена ја израдуваа мајка им Роза

Поранешната пејачка Ребека Јанковска-Ристески и нејзината сестра Хелена ѝ направија роденденска забава на нивната мајка Роза. По неколку години тие првпат беа заедно за роденденот на мајка им, бидејќи Хелена речиси пет години живее на Нов Зеланд. Тие прво беа на ручек во еден скопски ресторан, а потоа дома се почестија со торта.

„Денес славиме роденден на нашата мајка на која многумина, покрај нас децата нејзини, ѝ се обраќаат со мамо. Среќен нека ти е роденденот наша најмила. Те сакаме“, напиша Ребека на „Фејсбук“ и објави неколку слики од прославата.

И Ребека и Хелена постојано велат дека се многу блиски со мајка си. Двете дами во многу интервјуа досега рекле дека нивната мајка Роза им била најголемата поддршка во животот и дека не би успеале, ниту би се изградиле во личностите какви што се да не била таа.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top