Вчера во хотел „Мериот“, Викторија Лоба правеше свадба со нејзиниот сопруг, бизнисменот Ѓорѓи Калешов, со кого неодамна се венчаше во Охрид.
Лоба и Ѓорѓи ја избраа песната All of me од Џон Леџенд за да го одиграат првиот свадбен танц. Мала свадбена журка, за најблиските, а Ѓоко Таневски исклучиво со забавни песни направи топ журка за друштвото. По вечерата влезе и блех музика која ја вжешти атмосферата. Потоа следеше Чао Бела која ја отпеа невестата, но и неколку руски песни. Лоба смени две венчаници, една долга и една мини.
Од она што ни го раскажаа за „Репортер“ ниту невестата не додржа па се фати за микрофон и ја испеа песната „Ти си проблем“ од групата „Студени нозе“.
На свадбата нема речиси никој од естрадата, ама има многу познати луѓе од градскиот живот, претежно оние кои некогаш го креираа ноќниот живот во Скопје.
За потсетување, Лоба и Ѓорѓи претходно се венчаа во Охрид во црквата Свети Канео. Лоба тогаш носеше фустан од Ателје Коцарева. Двојката се вери во 2019 година иако беа предходно долги години во врска. Дваа месеци пред свадбата на Лоба во Охрид свадба правше и нејзината мајка.
Се омажи Викторија Лоба, романтична венчавка на Канео во Охрид