(Фото) Столе го покажа синот Бојан со кого денес излегоа од болница

Капитенот на „Вардар“ и ракометен репрезентативец Столе Стоилов стана татко. Неговата сопруга Деница се породи во болница „Аџибадем Систина“, а синот го доби името  Бојан. Породувањето помина во најдобар ред, бебето и мајката се добри, па Бојан денес си оди дома. Бременоста на Деница ја водеше  д-р Гордана Петровска.

Столе пред еден месец се ожени со Деница, а дека чекаат принова објавија во февруари. Столе и Деница, која е уметница, планираа голема свадба, но поради пандемијата со коронавирусот, свадбената веселба беше одложена. Тие направија само мала забава за најблиските и семејството, откако претходно склучија граѓански брак. Двојката пред да се земат  беа во љубовна врска една година.

 

Scroll to Top