Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, се на летување во Бодрум, Турција. Пејачката не крие дека е заљубена и среќна, па речиси секојдневно објавува фотографии од одморот на кои се таа и сопругот. Ова е нивно второ летување за кратко време, откако неодамна беа на одмор во Албанија. Пејачката и адвокатот се во брак речиси три години. Тие го имаат синот Јон.