Лила патува на кредит

Водителката Лила Стојановска на својот фејсбук-профил откри дека во Милано за велигденските празници  патувала на кредит. Таа дури и ги повика сите што немаат пари, а сакаат да патуваат, да си земат кредит и без грижи да стигнат до омилената дестинација.

Лила веќе некое време работи како инфлуенсер на социјалните мрежи. Таа неодамна се пофали дека заработува многу од рекламирањето производи преку своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“. А преку објавата за патувањето во Милано таа промовираше еден од своите клиенти.

 

Scroll to Top