Познатата водителка Милена Антовска-Станковска објави фотографија во бикини, покрај која напиша дека не е задоволна од моментална тежина и тоа како изгледа нејзиниот стомак.
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот, кој никако да ми спласне по раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама по царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку“, напиша водителката.
И продолжи дека нема да се грижи за тежината оти има две деца и сопруг кој ја фотографирал Милена.
„Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша водителката.