Со сечење на џиновската пастрамајлија веравечер почна познатата манифестација штипска „Пастрамајлијада”. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ја пресекоа џиновската пастрмајлија. На штандовите на угостителските објекти, се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па ќе се продава на штандовите за 150 денари.
За забавата на гостите се задолежни групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Вечерва ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.