На Тамара ѝ го удрија автомобилот два дена по купувањето, се закани дека ќе оди во полиција

Познатата пејачка Тамара Тодевска пред неколку дена на социјалните мрежи се пофали дека купила нова кола за која платила околу 16.000 евра.

Меѓутоа по само два дена откако сподели дека има нова кола, сега Тамара на својот профил на Инстаграм се пожали дека ѝ ја удриле на паркинг.

„Се моли девојчето што вчера ме удри на „Рузвелтова“ , мојата кола стара цели 2 дена, уредно се извини, избега, да се јави/пише/остави број, зошто ѝ ги знам таблиците и ќе одам утре во полициј“„ – напиша Тодевска во објавата.

Scroll to Top