По кратко боледување, денес почина професор и доктор Методи Чепреганов, невропсихијатар, роден 1936 година во Штип информираше неговото семејство.
Беше редовен професор на Медицинскиот факултет и долгогодишен диркетор на клиниката за неврологија.
Своето знаење од областа на епилептологијата го усовршуваше во Франција, Белгија и Англија. Со полна едукативна историја остави повеќе од 260 стручни труда, монографии и повеќе од 75 напишани книги во областа на неврологијата и психијатријата.
Од министерството за наука во Франција добитник е на високата награда „Златна палма“ како дел од тимот на невролози кои учествуваа во изработка на Светската енциклопедија за Невро- радиолошка дијагностика.
Беше бескрајно вљубен во музиката која ја свиреше и живееше со неа. Севселенски човек кој вистински уживаше во секое негово животно дело. Неговото патување низ времето продолжува.
Опелото ќе се одржи во Соборен храм „Св. Климент Охридски“ од 11:45 до 13:00, а погребот ќе се изврши во 13:30 на градските гробишта во „Бутел“.