На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Бачовски.
Првиот филмови Бачовски го сними во 1966 година. Како познат кино-аматер во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освои повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално да се занимава со режија во МРТ. Во националната телевизија беше режисер повеќе од три децении.
Погребот на Тихомир Бачовски ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Во МРТ утре во 10 часот ќе биде одржана комеморативна седница.