(Видео) Јордан Митев наздрави за љубовта

Фолк-пејачот Јордан Митев го промовира спотот на неговата последна песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“. Митев ова видео го работеше со „Арт продукција“.

„И во песната и во спотот ќе може да се пронајде секоја генерација на слушатели на македонската народна песна. Во снимањето беа вклучени многу статисти, а јас и овојпат сакав да ги истакнам квалитетни и интересни места од мојот роден крај“,  вели пејачот.

Митев наскоро ќе промовира уште еден спот, кој ќе се снима надвор од Македонија.

Scroll to Top