(Видео) Роберт и Тамара: 20 години љубов и недоразбирања

На својот 37. роденден, Роберт Билбилов ја промовираше својата нова песна, „Светот е…“, што ја испеа во дует со Тамара Тодевска. Роберт е комплетен автор на песната. Во видеото, што го режираше Зоран Зонде Стојановски, се појавуваат нивните деца, но и многу пријатели на двајцата музичари: Катарина Ивановска, Миа Костова, Александар Тарабунов, Весна Бејби, Васил Гарванлиев, Антониа Гиговска и други.

„Нека ми е среќен роденденот. Не можеше подобро да ја обележиме нашата 20-годишна соработка, љубов и недоразбирања“ напиша меѓу другото Роберт.

Тој вели дека ова е песна за безвременска љубов, каква што сите посакуваат.

За потсетување, Роберт и Тамара се долгогодишни пријатели и соработници. Тој е автор на некои од најголемите хитови на пејачката, меѓу кои и евровизиската Proud, „Брод што тоне“, „Довидување таго“, „Тешко без тебе“, „Готово е“, „Тажна љубов, среќна песна“ и други.

Scroll to Top