(Видео) Со векови стара, битолската божикна песна повторно ќе биде хит

Поголемиоот дел од познатите македонски поп-пејачи ќе почнат со снимање на Божикната песна. Тие веќе работат во студио на преработка на песната „Небо и земја” – Божикна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има мошне богата историја и традиција.

Песната ја пеат  Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче”.

Во Битола, во домот на 81 – годишната Даница Јолевска, која е жив сведок за долгогодишната традицијата на пеење на оваа Божикна песна во битолскиот крај, е и приказната како настанла оваа песна.

„Небо и земја“ е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.

Оваа песна се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија.

Се претпоставува дека оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и голем дел од традициите коишто тука се негувале.

 

Подоцна, пак, поради состојбите во кои западнал Балканот, голем дел од тие традиции кај нас биле изгубени. Но, за среќа биле задржани во Русија која во тоа време била единствена слободна православна земја.

Се претпоставува дека после Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, ни вратиле дел од тие традиции, меѓу кои и оваа песна.

Scroll to Top