Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата и сега веќе не е претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Од таму потврдија дека е донесена одлука на денешната седница Цветанов да биде разрешен од функцијата на која е скоро три години. Ова дојде само неколку дена откако тој потврди во разговр за Репортер дека ја ангажирал жена му Дунавка да му помага на работа, оти само неа и верува.
“Опкружен сум со многу непријатели и луѓе од интерес па морав да се потпрам на некого на кого му верувам целосно во овие специфични лицемерни времиња. Сега за сега има потпишано договор за 30 дена. Станува збор за договор за ангажирање на надворешен советник за специјални цели. Нема да зема пари. Нејзината плата е нула денари. “, рече Ване за Репортер.
Му побаравме и сега изјава на Цветанов, но до објавување на текстот, тој не ни одговори на прашањето за разрешувањто од функцијата.
Во меѓуврме се јави Дунавка, поранешна Мис, која вели : Поради злоупотребата на моето име и презиме без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер.
Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас . Ова е ,,исценирана,, конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи.
View this post on Instagram