Заев открива како ги заработил првите пари

Премиерот Зоран Заев има интересна приказна која ја раскажа за „Репортер“, за тоа како го заработил првиот џепарлак. Кога бил средношколец и имал 15 години заработувал продавајќи во Србија на пазарот во Горњи Милановац. Тоа било во 1989 година кога со своето семејство заработувале од продажба на земјоделски производи.

„Досега многу пати имам кажано дека се занимавав со земјоделство, е тоа ми ги донесе и првите заработени пари, лично, со свој труд и со свои раце“, раскажува Заев за „Репортер“.

„Продавав од земјоделските производи, наши, што ги произведуваше моето семејството. И јас помагав, ако бев млад и ако бев ученик. Радост ми беше тоа, не обврска“, вели премиерот.

Тој вели дека и денес му е пријатно во душата кога се присетува  на тоа како почнал да заработува.

„Посакувам секој млад човек вака да може да се сети, како на своја иницијатива почнал да работи нешто што му причинува задоволство, и тоа му ги донело првите пари. Зашто еве, ќе дојде ден некој да те праша, да те потсети на тој момент, искрен, чесен, полн со надеж дека почнуваш нешто важно, тогаш кога си се почувствувал пораснат за тоа. И убаво е да имаш што да кажеш, посебно ако си изодел долга патека, јас на пример од нивите до градот, ѝ се уште работиш и придонесуваш, не само за себе, туку и за други семејства, и за граѓаните“, вели Заев и додава : Повредно од заработените пари е „како“ тоа, понатаму ја одредува патеката на животот за секој од нас.

А. Георгиев

Scroll to Top