Шест дами познати во јавноста се соблекоа и се сликаа само по градник како поддршка за болните од рак на дојката но и да ја разбудат светса кај дамите. Биди храбра и погледни зад градникот е пораката на Александра Илиева, Тамара Ристовска, Катерина Шехтанска, Дани Димитровска, Татјана Стојановска и Искра Канзурова. Нивната порака, сублимирана во кампања „Погледни зад градникот“ е со превенција и информираност, жените да го надминат стравот од неубавите предизвици на животот. Запознавањето со опциите за превенција и лекување на ракот на дојката е единствената опција да најдат храброст за себе и да ги охрабрат најблиските, во случај на предизвиците од оваа болест.
Александра Илиева (музичар)
Татјана Стојановска (ТВ презентаер)
Искра Канзурова (ТВ водител)
Дани (музички артист)
Катерина Шехтанска (актерка)
Тамара Ристовска (актерка)