Поп-пејачката Тамара Тодевска растури на првиот настап откако олабавија мерките од коронавирусот. Таа пееше во познат скопски клуб. Во црн секси костум со впечатлив накит, но и ослабена, Тамара ги испеа своите најголеми хитови, но и песната „Шила“ од Маја Оџаклиевска што ја преработи пред неколку години.
И додека едни ја пофалија дека пеела одлично, па велчат со душа го чекаат следниот настап, други го коментираа нејзиниот изглед. „Никогаш не си изгледала волку добро. Секси и згодна, жено, прекрасна си“, стои во коментарите.
View this post on Instagram
Тамара е една од ретките пејачки кај нас што одржа концерт среде пандемија. Таа тогаш, заедно со нејзината сестра Тијана, имаше концерт онлајн, кој се пренесуваше во живо преку музичките стриминг платформи. Тамара и Тијана тогаш добија големи пофалби за концертот, а коментарите беа дека не можат да се одлучат која од нив пее поубаво.