Вчера вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров објави дека се здобил со скршеница на рамото и дека направил операција. Тој не откри како се повредил, туку само им се заблагодари на сите во медицинскиот тим кои се грижеле за него.
„Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20“, напиша тој во својата објава.
Голем број од неговите роднини, пријатели и фанови му посакаа брзо закрепнување.