Откако пред околу еден месец се сврши за своето момче, адвокатот Серјожа Марков, пејачката Аделина Тахири се омажи.
Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии дека по едногодишна врска со Серјожа стапиле во граѓански брак. Аделина наместо за венчаница, се реши за црвен фустан со длабоко деколте и крзно. Нејзините пријатели и фанови ѝ посакаа многу среќа и ѝ упатија бројни честитки за венчавката.