Адријан Гаџа сака да се поти

By

Пејачот Адријан Гаџа последните неколку години е повлечен од музичката сцена во Македонија и почесто снима и настапува на Косово, во Албанија и во Швајцарија. Пејачот, сепак, не се откажува од музиката и често објавува фотографии од своето музичко студио каде што снима и во доцните ноќни часови.

Но, Адријан отсекогаш внимавал на својот изглед. Тој повремено постира фотографии и од фитнес-центар, додека вежба напорно и се поти. На последната фотографија Адријан е заедно со Дан Лимај, кој имаше неколку музички обиди во изминативе години. Дали подготвуваат нешто заедно на музички план, засега не откриваат ни Адријан ни Дан.

Ќе ви се допадне