Адријана Алачки горда на ќерка си Грациела

Фолк-пејачкта Адријана Алачки на својот Фејсбук профил и го честиташе роденденот на својата ќерка Грациела.

„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ти денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности.

Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде. Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство. Среќен роденден душа мајкина“, напишала Адријана.

Алачки, покрај пеењето  со години важи за една од најпознатите готвачи во земајва. Освен што е автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“, подолго време е и претседател на асоцијацијата на готвачи „Гастромак“.

Scroll to Top