Политичкиот аналитичар Агим Јонуз синоќешната емисија „Само вистина“, каде што се појави како гостин заедно со новинарот Љупчо Златев, ја почна со јавно извинување до поранешниот амбасадор Ристо Никовски за упатените навреди од нивното претходно појавување во политичката емисија „Клик плус“ на ТВ21.
Агим Јонуз истакна дека е невкусен начинот на кој му се обратил на Никовски и изјави дека е доблесно човек да се извини по таква ситуација.
Јонуз во претходната емисија, по искажаното мислење на Никовски, постојано го прашуваше поранешниот амбасадор дали има лекарско уверение, а чашата ја прели со коментарот дека ќе умре во алејата на хероите, по што водителот Иле Петровски мораше да ја прекине емисијата, а истата подоцна продолжи без присуство на Агим Јонуз.