Бојан и Марија од „Ај Кју“, кои се македонски евровизиски претставници, деновиве се во Лисабон. Тие таму ја снимаат својата евровизиска видео-разгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија. Затоа сите избрани претставници се веќе во Португалија и ги снимаат промо-видеата.
Истовремено во Португалија се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
Според најавите од МРТ, песната Lost and Found што „Ај Кју“ ќе ја пеат во Лисабон, ќе биде промовирана на 11 март.