Актерката Адеа Шабани денеска ќе биде погребана во Скопје

Македонската актерка Адеа Шабани, која беше пронајдена мртва еден месец по нејзиното исчезнување во САД, денеска ќе биде погребана во Скопје.

Безживотното тело на Адеа Шабани, скопјанка која студираше глума во Холивуд, пристигна во нејзиниот роден град. Таа ќе биде погребана денеска во 14 часот на гробиштата во Бутел.

Еден месец откако беше објавено нејзиното исчезнување, актерката беше пронајдена мртва во плитката гробница во близина на Сакраменто.

Според наодите од обдукцијата Шабани била удрена со тап предмет по главата.

Полицијата се сомнева дека нејзиното момче, актерот Кристофер Споц, е вмешан во нејзината смрт. Споц, кој имал вереница, бил во љубов со Шабани. Пред таа да изсчезне, тие двајца биле заедно, а тоа го потврди полицијата , од безбедносните камери кои биле поставени во лифтот, каде живеела Шабани.

Крис Спец, се самоуби една недела пред да биде пронајдено телото на Адеа.

 

 

Scroll to Top