Актерката Ирена Илиевска денеска стана мајка. Таа роди девојче, а радосната вест ја сподели на „Фејсбук“.
„Добредојде Ева, добредојде дете наше, добредојде и живеј убаво“, напиша, меѓу другото, Ирена.
За потсетување, нејзиниот партнер, ракометарот Михаил Петровски, ја побара за жена минатата година на Малта за време на новогодишните празници.