Познатиот актер Жарко Димоски бил случаен сведок на трагичната несреќа која се случи синоќа, во која загина 24-годишна девојка од Радовиш, а нејзиниот дечко беше повреден. Тие беа удрени со „ПМВ цитроен“ од 22-годишно момче.
Тој се огласи на својот Фејсбук профил и напиша што видел синоќа:
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира cмртта на девојката, слушав крици што нема да ги заборавам цел живот. Улиците се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме“, напиша актерот и упати сочувство кон семејството за загинатата.
За потсетување, во синоќешната несреќа беше прегазена пред Сити мол во Скопје била од Радовиш, а ја прегазил 22–годишен скопшјанец. Според МВР, несреќата се случила во 19:44 часот, а во неа исто така било повреден и нејзиниот дечко, кој е исто од Радовиш. По несреќата, веднаш бил пренесн во болницата ГОБ „8 Септември“.
Според пријавата, несреќата се случила на ул. Московска со бул. Партизански одреди во која „ПМВ цитроен“ управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.