(Видео) Александар и Дац за мерак на штипјани запеаја со Трајче Манев и Коки

Боемското дуо Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја промовираа „Песна за Лџите“, која многумина ја нарекуваат химната на Штип. Овој пат тие ја преработија старата песна на Столе Поп Димитров, а им гостуваат некои од најпознатите музичари од Штип: Трајче Манев, виолинистот Коки Јанков, Роберто Поп Димитров и други.

„Приказната за Ново село, за Исарот, за изворот на Лџите. Таму ги сретнавме нашите пријатели, легендарниот макфестовски победник Трајче Манев, Коки од познатото дуо ‘Дуле и Коки’, Роберто Поп Димитров од ‘Кентаур’, Мишко Иванов и неговата Тања. Инспирација ни беше прекрасната песна на Столе Поп Димитров, химната на Штип што е всадена во срцата на сите штипјани“, напиша Дац.

Scroll to Top