Александар Ицов сними оро посветено на синот

By

Александар Ицов од Радовиш свири хармоника, кавал, гајда, зурла и тамбура. Овој професорот по музичка уметност неодамна го сними видеоспотот за „Николова единаеска“, оро посветено на неговиот син.

„Свирам на пет инструменти, но најновото оро е само со хармоника, без традиционални инструменти“, вели Александар. „Станува збор за единаесет-осмински ритам, брз и весел. Ова е поразлично од претходните ора“.

Александар за наредната година најавува издавање прв албум на кој ќе се најдат сите негови досегашни и нови инструменталки.

Ќе ви се допадне