Младиот битолчанец Александар Поповски, кого јавноста го познава по одличните портрети на Тоше Проески, сега ја наслика и Каролина. Инспириран од нејзиниот последен спот за песната „Ѕвона“ и од најновиот албум, Александар за само три дена го направил портретот на поп-пејачката.
„Ме допреа песните од последниот албум. Тоа беше инспирацијата за да ја насликам Каролина. Портретот, изработен во техниката масло на платно, е подарок за неа“, рече Александар за „Репортер“.
Сликата ќе ѝ ја подари наскоро. Вели, не е голема, 30х40см.
„Сакав на некој начин да ѝ се заблагодарам што нè освежи сите со нова, убава музика“, ни рече Александар.
Ова не е првпат тој да ја слика Каролина. Претходниот портрет на пејачката го насликал 2014 година.
(А.Ј.)