Александар Јосифовски ќе пее на концерт на „Дивље јагоде“ во Битола

Александар Јосифовски од Охрид, кој неодамна со своите настапи ги украде симпатиите на сите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, заедно со неговиот бенд French Olives, ќе настапи како предгрупа на концертот на „Дивље јагоде“ во Битола.

Концертот е под покровителство на „Сцена продукција“ и ќе се одржи во среда на 21 јули, на ракометното игралиште во Битола.  Александар неодамна откри дека имал среќа и претходно да настапи со членовите на легендарната музичка група.

Тој вели дека е миленик на рок-музиката и дека уште од мал сон му било да пее со една од најдобрите музички групи на балканот.

 

Scroll to Top