Александар Маленко доби кривична пријава

Претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ), Алекандар Маленко заработи кривична пријава од страна на претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ).
Филипчев го пријавил Маленко за измама и злоупотреба, се вели во соопштението од Националната пливачка федерација, во кое е дополнето дека на овој начин се сака да се стави крај на манипулациите на Маленко.
„На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано Вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник. Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ“, се вели меѓудругото во соопштението од Националната пливачка федерација потпишано од Александар Филипчев.
Scroll to Top