Некогашниот пливач Александар Маленко со неколку фотографии од 1993 година потсети дека пред 30 години Македонија го доби најмладиот учесник во историја на маратонско пливање во светот.
„На денешен ден 9. август пред 30 години, во Охрид во 1993 година, на официјална трка од ФИНА Светски Куп во далечинско пливање -30км, Македонија го доби најмладиот учесник во историја на маратонско пливање во светот. Александар Маленко кој на возраст од 14 години преплива трката “Климе Савин”, Охрид- Св. Наум со официјален резултат за најмлад пливач кој преплива официјална трка од Светски Куп во должина од 30км и ден денес после 30год, претставува гинисов рекорд, се уште несоборен.
Вие “експерти” продолжете и понатака со протежирање кон младите напредна рекреација и лажни спортски вредности“, вели Маленко.
Александар Маленко е поранешен пливач, кој се натпреваруваше за Македонија на Летните олимписки игри во 1996 и 2004 година.