Поранешната манекенка, Александра Накова ги демантираше гласините дека е позитивна на коронавирус.
Поранешната учесничка во поранешното шоу „Преживеан“, се огласи на социјалните мрежи по објавите дека е позитивна на Ковид-19 и дека ги прекршила мерките за седење во карантин.
„Сакам да ги демантирам информациите кои се појавија во јавноста за мене дека сум била позитивна на Ковид 19. Од моја страна целосно се испочитувани сите мерки од надлежните органи кои ги имаат наведено во актите кои се однесуваат на мене. За мене од нејасни причини во изминатиот период во јавноста се објавуваат дезинформации кои директно нанесуваат штета на мене и моето поблиско оопкружување, за тоа дека сум била позитивна на Ковид 19 и дека слободно сум се шетала и заразувала други личности“, напиша Накова.
Поранешната манекенка беше уапсена неодамна во Гевгелија оти наместо да е во самоизолација таа отишла на базен.
Накова го објави и направениот тест кој покажува дека таа е негативна на вирусот.