Алиоски отиде на молитва во Мека

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски го посети светото место за сите припадници од Исламот, Мека. Ова место е посебно за сите муслимани, и секој од нив тежнее барем еднаш во животот да го посети.

Муслиманите од целиот свет пристигнуваат во Мека во овој период од годината, а Алиоски немаше потреба премногу да патува затоа што во моментов настапува токму во шампионатот на Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли.

Scroll to Top