Амбер Херд ја продаде куќата во Јужна Калифорнија за 1,5 милиони долари, пренесе TMZ. И за време на судењето со Џони Деп, се шпекулираше дека актерката на сомнителен начин ја купи куќата од анонимна фондација.
Куќата Амбер ја купи во 2019 од анонимна фондација за 700.000 долари. Светските медиуми стапиле во контакт со новиот сопственик на вилата, кој тврди дека куќата ја купил преку агент кој работел за Амбер и дека не се договарал со неа.
Амбер за куќата добила речиси двојно повеќе од она што платила пред три години. Таа ја купила куќата пред пандемијата, а од тогаш вредноста на недвижностите главно пораснаа.
За потсетување, Амбер се најде во неповолна финансиска состојба по пресудата за клевета, по која таа на Џони Деп треба да му исплати осум милиони долари. Нејзините адвокати рекоа дека не може да си дозволи да му плати.