Пратеникот Амди Бајрам на денашната седница за пратенички прашања побара да се изгради споменик на гробот на Есма Реџепова – Теодосиевска.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека целата процедура за подигање споменик треба да оди преку Собранието бидејќи Есма е национален уметник.
Премиерорт Заев додаде дека првпат слуша за вакво барање и дека е недозволиво гробот на Есма да нема споменик.
„Есма заслужува достоинствено да се одбележи нејзиното дело“, рече тој.
Според него Владата има средства за тоа, а тој лично ќе се заложи кај пратениците и кај фондацијата „Есма и Стево Теодосиевски“ да се зачуваат името и делото на Есма Реџепова.