Ана Брзанова ќе ја претставува Македонија на Miss Earth на Филипините

Моделот Ана Брзанова (21) од Гевгелија стана  Miss Earth North Macedonia за 2021 година во организација на Miss Earth Beauties.

Таа ја претставуваше Македонија на изборот „Miss Earth Balkan“ одржан пред неколку дена во Босна и Херцеговина, а сега ќе ја претставува и на Меѓународниот избор кој ќе се одржи на Филипините во октомври годинава и ќе трае 30 дена. Целиот настан ќе го пренесува „Fox TV“.

Брзанова досега учествувала на повеќе натпревари во земјава и регионот. И досега има освоено неколку награди, и тоа: Топ модел Македонија за 2019 година, Мис глоуб Србија за 2020 година; Мис на Евроазија, Србија за 2021 година.

Брзанова

Scroll to Top