Андреа Коевска ќе пее 11 во второто полуфинале на Евросонг во Торино на 12 мај, соопшти ЕБУ. Европската дифузна унија денеска го објави редоследот на настапите во двете полуфинални вечери, што ќе се одржат на 10 и 12 мај, а кога 35 земји ќе се натпреваруваат за влез во финалето.
Во второто полуфинале со Андреа ќе настапат и претставниците на уште седумнаесет земји и тоа: Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.
Редоследот по кој финалистите ќе пеат на 14 мај ќе го одредат продуцентите откако ќе се знаат сите земји што ќе победат во двете полуфиналиња.
Андреа неодамна го промовираше спотот за евровизиската Circles снимен на неколку локации во Скопје. Таа оди и на промотивни настани, па до сега гостуваше во Црна Гора и Романија, а наскоро ќе ја промовира песната и на евровизиските концерти во Лондон, Тел Авив и Мадрид.