Андријана Јаневска гневна на сите што ги „плукаа“ ракометарите

Музичарката Андријана Јаневска реагираше бурно по поразот на Македонија од Чешка. Таа не им се налути на ракометарите, туку беше гневна на сите што преку своите статуси и коментари на социјалните мрежи ги критикуваа момците. Таа напиша долг статус во знак на поддршка на цела репрезентација.

„Гледам све играчишта на ФБ, а у живот топка не пипнале. Сте излегле ли некогаш во јавност на било каков настап? На Европско првенство сигурно не, туку онака бар, у маало да имате некој јавен настап? Знаете ли што значи трема пред јавност? Знаете ли што значи ваков притисок? Па не знаете, де.

Повеќе од 15 години пеев на светски натпревари со Св. Злата Мегленска низ цел свет каде имало многу слични ситуации како оваа! Вежбаш две години секој ден, даваш сè од себе, се радуваш кога од 150 земји ја читаат Македонија меѓу најдобрите, а ако си меѓу првите, на радоста ѝ нема крај! Од преголема желба да те чуе цел свет, да ја претставиш својата татковина во најдобро светло, на крајот ти снемува глас!

Се случувало! Цел настап топ, но последните неколку акорди одлучувале дали ќе бидеш најдобар помеѓу најдобрите! Токму таквите ситуации те прават посилен во иднина! Св. Злата Мегленска не стана светски хор по 3 настапи. Едноставно со години се калеше и затоа сега е тоа што е!

Тоа важи и за многу други наши признати хорови, музичари, спортисти и уметници! Сетете се само на оној жар после првите натпревари, што значи кога целата нација е обединета, што значи да се бодри и сака татковината!

Коментари од типот: овој бил ваков, овој онаков, оној платен, овој сакат, глуп, слеп – од вечерва не толерирам. Што да правам, посилно е од мене. А бе Кире Лазаров е најдобар стрелец на СИТЕ ВРЕМИЊА! Да, да! Сигурно ракометарите повеќе сакаа да победиме отколку вие, верувајте! Или можда у кладилница не фативте?

Заради НИВ го пишува името Македонија, заради НИВ сме меѓу најдобрите, заради НИВ има толку навивачи на трибините и пред ТВ, заради НИВ, не заради вас! Затоа, видам ли плунка по ракометарите, заигрува џогер. Секоја навреда кон нив ќе ја сметам за навреда кон Македонија. А ја неќам да имам такви другари. На тој што плука нагоре, плунката ќе му се врати у фаца. Се знае, ракометарите се горе.

Ај сеа чао“, напиша Јаневска на „Фејсбук“.

Scroll to Top