Андријана Јаневска наполни 40: Успеав да му одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување

Андријана Јаневска денеска го слави 40 јубилеен роденден. Пејачката напиша дека е горда на тоа што постигнала до сега, но најмногу се гордее на нејзините два сина.

Таа вели дека е задоволна од нејзината убавина и што досега не направила никаква операција за разубавување. Секоја бора на нејзиното лице ја потсетува на убавите, но и тажни спомени. Објави и фотографија на која пзоира во црн кожен фустан и шик чизми.

„40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав четири банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас. И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам“, рече Андријана.

Scroll to Top