Поп-пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска го освои првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД). На овој натпревар се избираше најдобар пејач и пејачка од цел свет во минатите неколку месеци.
Веста ја сподели и Јаневска која вели: Чест ми е да ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржавте.
Андријана во моментов е актуелна со песната „Ми заплакало селото Ваташа“ која ја снимија заедно со Игор Џамбазов. Песната ја отпеале повеќе домашни интерпретатори, а оригиналот е изведен од Никола Бадев во 1975 година. Песната повторно стана актуелна по изведбата на Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста, а сега е и дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.