Пејачката Андријана Јаневска замина за Италија да им помогне на нејзината сестра Николина, која неодамна се породи.
„Денес летам за Италија, во Милано, да и помогнам на сестра ми. Многу сум возбудена што ќе бидам и со бебето‘, изјави Јаневска за Репортер пред да замине во Италија.
Пејачката објави фотографија од Милано, како ужива додека го шета внукот Александар во количка и напиша „теткински работи“. Јаневска на внукот му подарила и боди дрес на внукот од фудбалскиот клуб „Милан“.